ВАШИОТ КОМПЈУТЕР Е ЗАРАЗЕН: Топ пет симптоми



 

Компанијата за техничка поддршка iYogi, објавила резултати добиени во примерок од 8.000 кориснички компјутери.

Од повратните информации добиени од нивните сопствени корисници, утврдиле листа на најчестите симптоми на „инфицирање“ со компјутерот со вирус:

  • Забавено работење на компјутерот: ова вклучува забавено подигнување и гасење на системот, бавно отворање на програма и забавено сурфање на интернет.
  • Проблеми со програмите: ова подразбира потешкотии со отворање и затворање на апликација, што како последица се јавува намалена брзина и перформансите на компјутерот.
  • Проблеми со интернет врската: проблеми со конектирање или пребарување на интернет, отежнат пристап на и-мејл(e-mail),  веб-страници и други сервиси, се добар знак дека компјутерот е заразен со вирус.
  • Пораки за грешки: честите пораки за грешка, кои се појавуваат во вид на системски поп-ап(pop-up) прозорец, како што се „Unable to Read Hardware“, „Cannot Launch Application“, исто така укажуваат на заразен компјутер со вируси.
  • „Пукање“ на системот: компјутерот „инфициран“ со вирус, често се рестартира што резултира со губење на податоците и намалување на продуктивноста.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1