Најубавата жена на светот во 2012


Денес Yu Wen Xia од Кина, беше избрана за најубава девојка на светот. Ова е вторпат девојка од Кина да ја понесе круната на својата глава со титула за најубава девојка.

Минатитот пат тоа се случи во 2007 година кога таа чест ја имаше убавицата Zhang Zilin.

Оваа година титулата прва придружничка ја зеде Sophie Elizabeth Moulds од Велс, а како втора придружничка беше избрана Jessica Michelle Kahawaty од Австралија.

23-годишната Yu е студент на универзитетот за музичка уметност и вели дека сака своето знаење за музиката да го пренесува на следните генерации.

Оваа година нашата земја ја претставуваше убавицата Анета Стојковска, која иако не беше помеѓу фаворитите, во целост ја претстави нашата земја и заблеска со својата убавина.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1