Велешанец убил скопјанец оти му ја прегазил кучката Саманта


Добре Димчески (60) од селото Џидимирци доби пет години затвор за убиство на скопјанецот Шукри Рамадани (55), оти тој претходно, со неговиот автомобил му го прегазил кучето Саманта. Ова беше трета пресуда во овој предмет, откако во првата Добре доби седум години затвор, а во втората беше ослободен, пренесува Вест.

Настанот се случил на 31 март 2009 во велешкото село Џидимирци.osnoven-sud-1-veles-41

Пресудата е донесена врз основа на полиграфското вештачење, кога Добре, на прашањата поврзани со убиството, имал силна реакција, а потоа и врз основа на изјавата на неговиот брат Драги, кој во истрага рекол дека кога Добре си дошол дома, му рекол: “Брат, јас го свиткав, бидејќи го згази кучето”. Оваа изјава братот подоцна на судењето ја смени, тврдејќи дека била дадена под присила и со ќотек.
Добре ги негира наводите во обвинението.

“Убиениот Шукри ниту го познавав ниту го имам видено, па немам причина да го убијам. Во тие моменти кога се случил настанот, потврдено е дека бев неколку километри подалеку”, изјави во своја одбрана Димчевски.

Реконструкцијата открила дека Шукри заминал за Џидимирци да ги посети работниците што му граделе фарма на кози во селото, а по пат забележал дека прегазил куче. Се симнал од возилото за да погледне што се случило. Тогаш налетал сопственикот на кучето Добре Димчевски кој, по кратка расправија, извадил нож и со два убода во срце, во слепоочницата и на левата надлактица, на самото место го усмртил Шукри, кој кого не биле пронајдени одбранбени рани на рацете.

Судски вештак пред Судот изјави дека убодните рани врз починатиот биле нанесени од човек со височина како на обвинетиот. Неговиот бранител адвокат Жарко Настевски, пак, рече дека нема материјални докази оти Добре е сторителот ниту, пак, е пронајдено оружјето со кое е извршено убиството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1