Велешанката А.А.(46) од велешкото село Црешево, вчера во полициската станица Гази Баба пријавила дека истиот ден околу 16,00 часот во Скопје, додека чекала автобус на Бит Пазар и се доближило непознато лице и ја прашал каде ќе оди, по што таа одговорила дека не се чувствува добро и ќе оди во населба Драчево, а тој се качил со неа во автобус.
Откако двајцата слегле во село Трубарево каде што живеело лицето ја натерал да се избања, а потоа физички ја нападнал барајќи од неа да прави се што ќе и кажел.
Потоа и го зел мобилниот телефон и со сила ја однел до автобуската станица во село Трубарево, по што А.А. го пријавила настанот.
По кратко време бил приведен Ш.М. (32) и се работи на целосно расчистување на случајот.