Велешанка си го уби 5 годишниот син – го застрелала со пиштол во стомакот


Триесетгодишната Џевахири А. со пиштол стрелала и го убила петгодишниот син.

Вчера околу 16 часот, во близина на велешкото село Долно Јаболчиште, кај местото викано Нуришова плоча, мајката со пиштол кал.6.35мм, кој го поседувала без дозвола со еден истрел го застрелала во стомакот сопствениот син Салко Х.(2007)

Го извлекла детето од дома влечејќи го за рака, а потоа пред очите на неколку сведоци, случајни минувачи , извадила пиштол и стрелала во стомакот на синот, кој починал на самото место. Телото на починатото дете е пренесено во институтот за судска медицина за вршење на обдукција.

Мајката е веднаш била уапсена, а потоа префрлена во одделението за невропсихијатрија во болницата во Велес. Полицијата работи на утврдување на причините за убиството.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1