Велешка фурна 120 години пече леб по рецепт на нашите баби


И покрај многуте пекарници, фурната на дрва на семејството Атанасови повеќе од еден век му одолева на времето, па во неа с` уште се пече леб подготвен според традиционален рецепт, пишува Дневник.

Фурната ,,Kај Саздо“ е најстарата и единствена во Велес во која се задржал традиционалниот начин на подготовка и печење на лебот – на оган од дрва. Фурната е од турско време, од 1890 година, за тоа имаат и документи. Во лебот не ставаме никакви додатоци. Тој е баш по стариот рецепт од нашите баби и затоа велешани го сакаат. Семејната традиција долга 120 години ја продолжува најмладиот член на семејството – Пепи Атанасов, кој реши да го продолжи занаетот на дедо си Петре – во семејната куќа да ce меси, пече и да се продава леб.

Има сосема поинаков ритам на живеење од неговите другари, не пие алкохол оти навечер треба рано да легне за да може да стане по полноќ и да меси леб.

– Мојот работен ден почнува во 2 часот по полноќ и работам с` додека на се продаде лебот, до кај 10 часот. Дневно вадам по 80 парчиња леб и сите се трошат, ретко се случува да остане нешто непродадено. Работам секој ден, 364 дена во годината. Единствено се одморам на 1 јануари, тогаш и за мене е Нова година. Има за една скромна живеачка, не за некој луксуз, но знам дека с` што ќе сработам е за мене. Можам да се пофалам дека ова е единствената фурна во поширокиот велешки регион – вели Пепи за Дневник.

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1