Весела математика – еци пеци пец колку луѓе имаше на митингот на СДСМ?


По принципот еци пеци пец одбери на кого ќе му веруваш. Само вака може обичниот човек да дознае колку тоа луѓе имаше на митингот на СДСМ вечерва.

Медиумите поделени .

Според едни има вакви наслови

,,Нешто повеќе од 11.000 поддржувачи на СДСМ,,

,,СДСМ потфрли не успеа да го наполони ниту скопскиот плоштад,,

Според оние другите пак бомбастични наслови од типот

,,Над 70.000 луѓе вечерва на плоштадот „Македонија“,,

,, Најмасовен протест во Македонија досега,,

Од говорницата лидерот на СДСМ Црвенковски побара Парламентарни, локални избори и референдум за името во март.

Ако Груевски реши во декември да го смени името ,тогаш нека го исполни ветувањето кон народот па во март да распише реферндум и парламентарни избори заедно со локалните,,

 Еве што друго порачаа од говорницата вечерва.

,, Скопје зоврива, Скопје стана парoдоија од турбо фолк политички архитекти, а како со гума се  избриша тоа што беше – Скопје, симбол на светската солидарност – рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Јани Макрадули од говорницата.

,,Имаме земја на блокирани сметки, двојно го зголемија долгот, живееме на кредити, се владее со страв и закани, сами апсат, сами тужат, зацрнија цели семејства. Ова е држава на невиден криминал, изрекетираа се живо, нема тендер што не е наместен. Порача пак Бранко Црвенковски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1