Трагедија во Тузла – испил многу вода одеднаш, паднал во несвест и умрел


Петнаесетгодишниот М.Џ. од Тузла починал откако во саботата на спортското игралиште останл без свест.

Трагедијата се случила за време на детска игра. Несреќното момче со своите пријатели играл фудбал, а во еден момент, според изјавите на сведоците, се напил вода и веднаш потоа изгубил свест.

Веднаш бил префрлен во болница, но лекарите околу 18 часот ја констатирале неговата смрт.

Се уште не е познато дали ќе биде извршена обдукција на телото на починатиот тинејџер. За тоа треба да одлучат неговите родители.
Трагичниот настан во населеното место Миладије ги шокираше тамошните граѓани, а другарите на петнаесетгодишното момче плачејќи си заминале по дома. Истрагата е во тек.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1