Весна Бејби Петрушевска останала без својот автомобил во Центар иако како што вели уредно си платила паркинг.
Таа на својот фејсбук профил изреволтирана од она што и се случило вели дека иако уредно си испратила смс и паркинг и бил наплатен, кога дошла по автомобилот кој бил паркиран на Ленинова, него го немало. Си го нашла во пајак службата и за да си го земе морала да плати и казна.
Според информациите дури и да паркирате во Центар ако тоа не е на стрикно одбележано место – и да платите паркинг пајак повторно ќе ви го однесе возилото како непрописно паркирано.
Нема информации дали Весна имала паркирано на обележано место или не.