Ви падна шеќерот? – направете си колаче за 3 минути


Еден убав рецепт за добро утро. Недела е ден за одмор, а не да заглавите во кујна. Доколку ви падне шеќерот вам или на некој од семејството еве еден брз и ептен лесен рецепт – а истовреме многу вкусен. За да го направите треба само 3 минути!!!

Состојки:

4 лажици  брашно (сенаменско)

4 лажици шеќер

3 лажици какао ( или краш експрес, нестквик итн)

3 лажици Нутела еурокрем ( може и со друг еурокрем но вкусот е загарантиран со нутела која има поспецифичен и посладок вкус)

3 лажици млеко

3 лажици масло за јадење ( може и маслиново )

Сите состојки ставете ги во подлабок сад или како на фотографијата во чаши за чај. измешајте убаво да има еднолична смеса. Печете во микробранова печка на највисока температура 3 минути. Оставете да се излади малку. И готовоооо вашиот десерт е подготвен за послужување. Добро утро 🙂

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1