Доколку не сакате владата да го следи секој ваш чекор преку модерната технологија за скенирање на лицето, а истовремено не би употребиле чекан или сличен алат со кој би ги искршиле сите камери околу вас, Анонимуси можат да ви помогнат.
Тие пронајдоа подобар начин за справување со овие проблеми во државите во кои има вакви напредни уреди за набјудување.
Системот наречен TrapWire, всушност е глобална мрежа за надгледување, а откако пред две недели беше откриена, лице кое тврди дека е дел од Анонимуси, преку видео што нуди корисни предлози за тоа како да се “заштитите“ од уредот, се обидува да помогне, што повеќе граѓани да бидат свесни дека се набјудувани.
Видеото наречено “Анонимуси во борба против TrapWire” нуди упатства за тоа како да се спречи надгледувањето од страна на држава, употребувајќи “пасивен отпор“.
Клипот, нуди неколку предлози за тоа како американските граѓани да избегнат да бидат снимени, без да се уништи уредот.
Погледнете ги и чујте ги советите кои Анунимуси им ги даваат на граѓаните …