Поранешниот италијански премиер имал сексуални односи со босанката Сабина Бегановиќ. Останала бремена. Децидна: Берлускони е татко на детето!

– Едноставно тој е таткото, спиев само со него!
Берлускони не го искоментирал ваквото тврдење, а Бегановиќ не сакала да каже каква била неговата реакција но додала дека тој моментално бил многу депресивен и дека едвај чекал да се врати на политичката сцена.
– За него политиката е начин да ги наполни своите батерии, изјавила таа.
Нејзиното име во италијанските медиуми е споменувано заедно со забавите кои Берлускони ги организирал во својата резиденција во Сардинија и Рим на кои голем број млади жени изведувале стриптиз што тој лично ги нарекувал „Будалести натпревари“.
Берлускони кој поднесе оставка во ноември 2011 година и понатаму е пратеник во парламентот но му се суди поради тоа што имал односи со малолетна проститутка додека бил премиер , а потоа ја злоупотребил својата позиција за да го прикрие сето тоа. Тој ги негира сите обвиненија.