Видео: Берлускони затруднил босанка! – Едноставно тој е таткото, спиев само со него!


Поранешниот италијански премиер имал сексуални односи со босанката Сабина Бегановиќ. Останала бремена. Децидна: Берлускони е татко на детето!

Сабина Бегановиќ која му ги организирала оргиите сега вели дека е бремена и дека спиела само со него. Германската старлета со босанско потекло Сабина Бегановиќ позната како „Квин би“, поради тоа што ги организирала оргиите на поранешниот италијански премиер Берлускони денеска во интервју за странските медиуми изјави дека е трудна од него. Таа на барањето да ги искоментира гласините дека Берлускони би можел да биде татко на нејзиното дете одговорила:

– Едноставно тој е таткото, спиев само со него!

Берлускони не го искоментирал ваквото тврдење, а Бегановиќ не сакала да каже каква била неговата реакција но додала дека тој моментално бил многу депресивен и дека едвај чекал да се врати на политичката сцена.

– За него политиката е начин да ги наполни своите батерии, изјавила таа.

Нејзиното име во италијанските медиуми е споменувано заедно со забавите кои Берлускони ги организирал во својата резиденција во Сардинија и Рим на кои голем број млади жени изведувале стриптиз што тој лично ги нарекувал „Будалести натпревари“.

Берлускони кој поднесе оставка во ноември 2011 година и понатаму е пратеник во парламентот но му се суди поради тоа што имал односи со малолетна проститутка додека бил премиер , а потоа ја злоупотребил својата позиција за да го прикрие сето тоа. Тој ги негира сите обвиненија.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1