Струмичанецот Ване Стојков победи на меѓународниот натпревар за програмирање „No JavaScript Challenge“, во организација на Mozilla Hacks.
Неговата демо-игра е направена без да се користи JavaScript, и е избрана за најуспешна меѓу 70-те варијации кои ги испратија програмерите од цел свет.
-Честитки за победниците и за сите учесници за овој највозбудлив натпревар досега – изјави организаторот на натпреварот, Џон Карахалис.
Карахалис задоволно додава дека сите завршиле одлична работа, и го заслужуваат најдоброто.
Извор: ТВ Вис