На деветтото по ред „Ѕвездено небо за Тоше“, кое секоја година се одржува на денот на неговиот последен концерт во Скопје, организаторите – членовите на фан клубот на Тоше ги почестија присутните со досега необјавена снимка од легендарниот пејач.
Станува збор за еден од најпознатите хитови на Проески, „Волим осмех твој“, чија оригинална везија е во дует со хрватската пејачка Антонија Шола, која сега ќе можете да слушнете како звучи кога Тоше ја пее сам – без Шола.
Исто така неговиот хит „Боже чувај ја од зло“, но во во српска верзија, ви нудиме да го слушнете како бонус песна, овојпат изведена во акустична, анплагд варијанта. И двете како потсетување на нашиот ангел и неговото дело.
Слушнете ги и оставете спомените и сеќавањата да ве водат… низ вечност, која нему му припаѓа.
Извор: Вистина.мк