ВИДЕО: Две познати песни од Тоше во негова поинаква изведба


На деветтото по ред „Ѕвездено небо за Тоше“, кое секоја година се одржува на денот на неговиот последен концерт во Скопје, организаторите – членовите на фан клубот на Тоше ги почестија присутните со досега необјавена снимка од легендарниот пејач.tose-300x300

Станува збор за еден од најпознатите хитови на Проески, „Волим осмех твој“, чија оригинална везија е во дует со хрватската пејачка Антонија Шола, која сега ќе можете да слушнете како звучи кога Тоше ја пее сам – без Шола.

Исто така неговиот хит „Боже чувај ја од зло“, но во во српска верзија, ви нудиме да го слушнете како бонус песна, овојпат изведена во акустична, анплагд варијанта. И двете како потсетување на нашиот ангел и неговото дело.

Слушнете ги и оставете спомените и сеќавањата да ве водат… низ вечност, која нему му припаѓа.

Извор: Вистина.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1