На јапонскиот остров Качино-Ераб еруптиреше вулкан. Јапонските власти почнаа итна евакуација на островот со само 150 жители, откако вулканот Шиндаке почна да исфрла големи количини чад и камења, кои завршија во океанот.
Овој остров е доволно оддалечен од сите поголеми населени места, вклучувајќи ја нуклеарната Електрана Сендаи, оддалечена 160 километри.
Од превентивни причини нивото на тревога е подигнато на највисоко ниво на скалата, а сите летови кон оваа област се пренасочени кон Окинава и југоисточна Азија.