Видео: Филмот за Мухамед е подметната измама – изјави на глумците за снимањето


Бизарна приказна за филмот кој наводно е причина за немирите на Блискиот исток…

Анти-муслиманскиот филм кој е посочен за нападите на американскиот конзулат во Египет, Либија и Јемен, е веројатно подметната измама смислена за да ги подгрее немирите на Блискиот исток, со цел да се прикрие вистинската причина која стои зад убиството на американскиот амбасадор Крис Стивенс.


Рекламата за филмот, под името „Невиност на муслиманите“, веќе беше поставена на Youtube, пред два месеци. И покрај наводните тврдења дека филмот е финансиран од страна на богати еврејски финансиери, кој обезбедиле пет милиони долари за негово креирање, сепак истиот тој филм, ги има сите квалитети на еден нискобуџетен филмски проект. Рекламата сега е забранета во неколку блискоисточни земји, вклучувајќи ги и Египет и Авганистан.

Таинственоста на режисерот Сем Бациле, кој за Associated Press изјави дека е „израелски евреин“ кој живеел во Калифорнија, ги подгреа сомнежите за неговата цел на створеното дело. Според дел од изјавите на актерите во филмот тој бил Египјанец, додека други пак тврдат дека е Американец.
Бациле категорично тврди дека го направил филмот со цел да ја илустрира изјавата „исламот е рак, точка“.

Кој е всушност Сем Бациле?

Властите во Калифорнија не успеаа во обидите да го откријат неговото живеалиште. Бациле е веројатно псевдоним за вистинска личност која е поврзана со филмот под името Накоула Баселеу. 55 годишниот коптски христијанин кој живее во Калифорнија, е веќе осудуван за измами поврзани со сојузните банки во 2010 година.

Филмот сам по себе – односно 14-те минути кои се објавени – се доста сомнителни.

Глумците кои се имаат вклучено во снимањето на филмот, изјавија дека се појавуваат во истиот со цел да го претстават животот на старите египјани од пред 2000 години. По нападите на Американскиот конзулат, сите 80 членови на филмската екипа морале да дадат заедничка изјава наведувајќи дека биле заведени од страна на продуцентот.

„Целата екипа и глумците се возбудени и се чувствуваат дека се искористени од страна на продуцентот. Ние 100 проценти стоиме зад овој филм и бевме погрешно водени во својата намера.

Шокирани сме со драстичната промена на сценарието и лагите кои се изјавени од страна на сите кои што се вклучени во проектот. Длабоко сме тажни за трагедиите кои што се случија“, се наведува во изјавите на актерите.

Филмот намерно е синхронизиран и уреден за да се дојде до максимално исценирање на провокации кон муслиманите. Мухамед е прикажан како педофил, хомосексуалец, лажен верник, љубовник, женкар и крвожеден диктатор. За време на дијалогот зборовите се грубо синхронизирани и се вклучувале референци на Мухамед кои не биле во оригиналното сценарио.

Синди Ли Гарсија, глумицата во филмот, изјавила дека во скриптата, не била назначена контроверзната природа на конечниот производ. Мухамед не бил изговаран под името Мухамед, туку бил повикуван под името господар Џорџ.
На пример додека се слуша репликата „Дали Мухамед е злоставувач на деца?, глумицата всушност не го изговара така, нејзините усни не го употребуваат зборот Мухамед.
Монтажерот Кристиан Сциенс изјавил дека како некој со филмот да си поиграл во подрум со евтин софтер за преснимување.

Се во филмот сугерира дека станува збор за измама, намерно предизвикана за да произведе немир на Блискиот исток во време кога САД и Израел би можеле да извршат воена интервенција во Иран и Сирија.
Намерниот обид со манипулативниот филм пуштен во јавноста, со цел да се навредат муслиманите, јавно сугерира дека целата оваа фарса е неприроден сет-ап за распламнување на напнатоста, како би ги оправдале убрзаните американски, израелски и НАТО агресиите преку Блискиот Исток и Северна Африка.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1