Локален жител на плажата Помпано во Флорида пронашол џиновско око, за кое сеуште ни научниците незнаат на кој вид му припаѓа.
,, Кога го пронајдов уште беше свежо и крв течеше, го подигнав и го ставив во ќеса. Сретнав полицајка на која и го покажав и таа ме упати до центарот за океанографија,, вели Џино Новаци, пронаоѓачот на окото.
Научниците сеуште незнаат за што станува збор, а фотографијата ја поставиле и на фејсбук на официјалната страна на центарот, што предизвикало лавина од коментари.
Окото ќе биде испратено во Санкт Петерсбург во Русија за понатамошно истражување.