Видео/Фото: Исланд има музеј на пенисот


 

Овој музеј досега има собрано над 280 примероци од 93 видови на животни, вклучува 55 пениси земени од китови, и 36 од 118 видови на цицачи.

Дали сте слушнале за музеј пенисот? Па таков музеј постои во Исланд, Phallological музеј.

Една  голема куќа претворена во музеј кој собира пениси и делови од машки гениталии од целиот свет.

Овој музеј досега има собрано над 280 примероци од 93 видови на животни, вклучува 55 пениси земени од китови, и 36 од 118 видови на цицачи.

Но она што е најинтересно за овој музеј е проширувањето на колецијата. Во јули 2011 година, овој музејот за прв пат изложи и човечки пенис  (од еден донатор), иако одвојувањето од телото на донаторот не поминало многу добро, и сега има боја “сиво-кафеава” и изгледа како кисели краставички, сепак има почесно место во музејот.

Музејот за пенси е основан во 1997 година од страна на пензионираниот наставник Sigurður Hjartarson, а сега со него раководи и неговиот син Hjörtur Gísli,  и како што јавуваат светските агенции музејот станал доста интересен за туристите кога  неговиот син  го изложич пенисот на еден бик.

Hjörtur Gísli е добитник  на повеќе интернационални награди за собирање на различни по големина пениси.

Музејот засега располага со  колекција на екстра мали до екстра најголеми пениси на животни.

Овој музеј  стана популарна туристичка атракција,  со илјадници посетители годишно, претежно жени, и привлекува големо  меѓународно внимание на медиумите.

За него е направен и канадски документарец наречен “Final Member”  (последниот член). Според тврдењата на овој документарец, музејот има за цел да им овозможи на “поединци да се направат и сериозни студии во оваа област.

Tags: , ,

Реџеп Ќамили

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1