Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – по повеќемесечна спроведена истрага, уапси познат нарко дилер од Скопје.
во операцијата се запленети вкупно 773,8 грама хероин, околу 30 000 евра, една вага за мерење на дрогата, 15 куршуми различен калибар, 1 рамка за пиштол и 4 луксузни ПМВ (два мерцедеса и два голфа)
Извршен е претрес во домот на лицето А.З.(57) во с. Арачиново, при што во една од просториите во куќата во којашто живее истиот е пронајдена горенаведената количина на дрога спакувана во две полиетиленски пакувања. Покрај А.З. од слобода е лишена и Б.В.(41), девојка на осомничениот, којашто исто така била инволвирана во криминални активности поврзани со дрога.
Лицето А.З. е добро познат на полицијата. Осомничениот и претходно е пријавуван за сторени повеќе тешки кривични дела како „недозволено држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, „тешка телесна повреда“ и „кражби“.