Идната недела, поточно на 12.12 покрај земјата минува огромен астероид.
Астероидот 4179 Toutatis нема да ја загрози земјата, ќе мине на далечина од 6.9 милиони километри од земјата што астрономски гледано е многу близу до земјата, но сепак се работи за огромна далечина и астероидот нема да биде видлив со голо око.
Toutatis е долг 4,46 километри и широк 2,4 и има облик на лушпа од кикирики. Крај земјата минува на 12.12.2012., но фактот што е датумот интересен и има исти бројки не значи ништо апокалиптично, тврдат астрономите.
Астрономите едвај чекаат да мине како би го набљудувале и дознале од што е составен, пренесува National Geographic.
Toutatis крај земјата минува на секои 4 години а астрономите се уште истражуваат како тој се движи низ сончевиот систем. Michael Busch од осерваторијата National Radio Astronomy вели дека астероидот Toutatis се однесува како жироскоп односно секогаш кога минува крај земјата или сонцето, гравитацијата ја менува неговата ротација која низ годините е значително изменета.