Голем пожар изби во највисокиот облакодер во Чеченија. Пожарот избил меѓу четвртиот и петтиот кат, но пожарот брзо се проширил и на останатите катови. Сите гости на време биле спасени
Пожарот во луксузниот хотел со пет ѕвезди избил околу 18 часот по локално време. На терен се околу 300 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Инаку, комплексот Грозни сити, е отворен во 2011 година, а еден апартман има и францускиот актер Жерард Депардје, кој го доби откако беше прогласен за почесен граѓанин на Чеченија, и недолго откако доби руско државјанство.