Бугарските медиуми јавуваат дека загинатите се тинејџери. Последниот биланс е 4 мртви и над 30 повредени, но странските медиуми јавуваат различни бројки на загинатите – според едни најмалку 7 лица им подлегнале на повредите. Државната телевизија пред малку јави дека се потврдени 7 мртви. Сеуште нема официјална информација за бројот на жртвите од страна на официјални лица.
Според медиумите непознато лице се јавило во туристичкото биро и рекло дека две бомби ќе ги пречекаат туристите.
Автобусот требало да ги превезе Израелските туристи кој слетале во Бургас во 16:45. Туристите се качиле во автобусот кој бил паркиран пред аеродромот околу 17 часот – кога и се случила експлозијата. Во моментот на експлозијата во автобусот имало 40 туристи од Израел. Министерот за надворешни работи Николај Младенов веќе зборувал со Израелскиот министер и заедно ја спроведуваат истрагата како дошло до експлозијата.