Го виде и почувствува лицето на нејзиниот починат брат на друг човек. Ребека Аверсано, чиј брат загинал во сообраќајна несреќа, се одлучила на храбар чекор- го донирала лицето на брат и за да спаси друг човечки живот.
Ричард Норис кој во несреќен случај во 1997 година, се застрелал самиот, изгубил голем дел од своето лице.
Поради лошиот изглед, Норис, ретко излегувал од дома и бил осамен, а за да може да се храни и полесно да диши направил многу операции.
Веста дека пронашол донатор на лице му го промени животот.
Трансплантацијата завршила успешно, а Норис конечно ќе може да живее нормален живот.
Ребека и Ричард се сретнале, а по емотивната средба, таа изјави:
„Да, ова е лицето со кое пораснав“.