Пожар избувна во ковид -центарот во тетовската болница. На социјалните мрежи се шират видеа како гори и како се изнесуваат болни, а според првичните информации има и повредени.
Засега не се знае точната причина за пожарот и повеќе информации се очекуваат од СВР Тетово.