ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Неколку жртви во пожарот во тетовската болница?


Околу 21 часот избувна пожар во модуларната болница во Тетово. Во моментов на терен се противпожарни екипи, но во гаснење на пожарот и во евакуирање на пациентите помага и болничкиот персонал. Вклучени се и голем број граѓани.

Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.

Од Министерството за здравство неофицијално потврдуваат дека има жртви но не можат да коментираат околу бројките.

На видео објавено пак на Фејсбук се гледа дека починатите веќе се изнесени надвор од опожарената зграда и се покриени со бели чаршафи, но нема официјална потврда дека станува збор за жртви од пожарот.

Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1