Според природата на повредите на патниците од рускиот авион, укажуваат дека експлозијата се случила во авионот пред тој да се урне, изјавил за Спутник египетски доктор кој вршел обдукција на телата.
„Голем дел од деловите од телата кои беа најдени,упатуваат на заклучок дека силна екплозија се случила во авионот, пред тој да удри на земја“-вели египетскиот форензичар.
Руските медиуми повикувајќи се на анонимни извори пишуваат дека обдукцијата покажала дека патниците починале со ужасна смрт – од повреди настанати од експлозијата пред уривањето.
Според него, на телата имало изгореници од повеќе од 90 проценти. Патниците кои седеле во предниот дел, починале поради други причини – крвен притисок, шок, отворени повреди на главата, фрактури.
Досега нема официјални инфомации за резултатите од форензичките испитувања.