ХРВАТСКА: Од пазарот се повлекува масло од коноп од британски произведувач


Хрватското Министерство за земјоделство денеска извести за повлекување од пазарот на ладно цедено масло од коноп „Organic cold pressed hemp seed oil“, со рок на употреба до ноември 2016 година, од британскиот произведувач „Sun&Seed“, јави Фена.maslo-od-konop

Преку ЕU RASFF составот е примено известување за наод од полициклични ароматични јаглеводороди во ладното цедено масло од семе од коноп Sun & Seed “Organic cold pressed hemp seed oil”, 250 мл, со рок употреба до 11/2016, со ознака на серија 3548 Batch 093, од произведувач Sun&Seed LTD од Велика Британија, се наведува на Интернет страницата на Министерството за земјоделство.

Дел од тој производ продаван е и на пазарот на Република Хрватска.

– Со анализа на производот е утврдено дека производот не е сигурен за исхрана на луѓето бидејќи содржи полициклични ароматични јаглеводороди во концентрации кои преминуваат најголема дозволена количина пропишана со уредба на Европската комисија, наведуваат од Министерството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1