Низ американските меидуми се појави и видео на кое се гледа како полицајците ги уапсиле двајцата кошаркари на Атланта, нашиот Перо Антиќ и неговиот соиграч Сефолоша.
Антиќ и Сефолоша беа приведени, а потоа и ослободени без кауција поради попречување на полицијата, а според информациите ќе треба да се појават пред Судот во Њујорк на 16. јуни кога ќе биде позната и одлуката за нивните обвиненија.
Во меѓувреме во јавноста благодарение на ТМЗ Спортс излезе едно видео од приведувањето на Перо и Табо во кое нашиот центар седи мирно на земја, додека неколку полицајци се обидуваат доста насилно да се справат со Сефолоша.