Неверојатното видео направено од НАСА го покажува растот на температурата на Земјата од 1880 година до денес во само 26 секунди.
Видеото покажува како емисијата гасови од фабриките , од индустријата и возилата со текот на годините се зголемувала, а последицата е неверојатно голем раст на температурата.
– Сите знаеме дека планетата апсорбира многу повеќе енергија отколку што емитува. Токму поради тоа температурата ќе расте се повеќе, рекол директорот на институот за студии на свемирот од НАСА и додал дека и покрај ефектот на ладење и ниската соларна активност во последниве неколку години,2011 е една од најтоплите години.
Разликата помеѓу 2011 и најтоплата година забележана во рекордот на НАСА (2010) е само 0,22 степени
Првите 11 години од 21 век забележани се многу повисоки температури отколку во доцните години на 20 век, рекол Хенсен
На оваа снимка растот на температурата во последниве 132 години е прикажан за само 26 секунди, црвената боја ги означува надпросечните температури во периодот од 1951 до 1980 година, а со сината боја се означени температурите пониски од просекот.