Видео: Кинези направиле „град на духови“ со 850 солитери


Кинеската државна компанија “China International Trust and Investment Corporation” во Ангола направила огромен град со 850 солитери, 12 училишта и повеќе од 100 продавници. Во него би можеле да живеат околу 500 илјади луѓе, но сепак во него бројот на становници е нула!

Градот го носи името Сидаде де Киламба и се наоѓа на 29 километри од Луанда, престолнина на Ангола. Се простира на површина од 5 000 хектари во средишните сушни предели на Ангола.

Изграден е на сличен принцип како и останатите градови на духови низ Кина. Изградбата започна во средината на градежниот бум во целиот свет, а неговата изградба заврши за време на економската криза, па цената на становите од околу 80 000 долари е недостижна за сиромашното население на Ангола.

Кинеската градежна компанија ги отфрла обвинувањата дека становите ќе останат празни и тврдат дека градот се уште не е готов. Според нивните искази, до сега продадени се 220 станови, сто е сосема во склад со предвидувањата на компанијата.

Кинезите вложиле огромни суми на пари во промоција на овој град, со видеоклипови кои прикажуваат идиличен живо во новите стамбени објекти и улиците со дрвореди. Овие фотографии, меѓутоа, покажуваат дека нивните тврдена не се далеку од вистината.

 

Сепак и понатаму, целиот град живее напуштен.
[youtube http://www.youtube.com/watch?v=L9u8Qr_IUSc&w=560&h=315]

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1