Скопје наскоро ќе стане доминантно албански град – македонките не раѓаат


Макеоднките се подоцна стапуваат во брак, тешко се одлучуваат и на прво, а камо ли на втор дете.

Наталитетот паѓа – Оваа состојба најизразена е во главниот град Скопје, пишува скопје инфо.

Од една страна населението во Скопје постојано се зголемува, но бројот на новородени од страна на жени од македонска националност опаѓа.

Официјалните податоци за првиот дел од 2012 година за град Скопје, добиени од Државниот завод за статистика го говорат следното:

Македонци: родени 3443 лица,   умрени 3558 лица (прираст -115)

Албанци:  родени 2240, умрени 636 лица (прираст +1604)

Роми: родени 687 лица,  умрени 186 лица (прираст  +501)

Турци: родени 72 лица,  умрени 37 (прираст +35)

Бошњаци: родени 81 лица, умрени 36 (прираст +45)

Срби: родени 42 лица умрени 130 лица (прираст -88)

(бројките се само за централното градско подрачје – не ги вклучуваат општините Арачиново, Петровец, Илинден)

Според експертите доколку продолжи ваквата тенденција на движење на наталитетот во Скопје, тоа сериозно може да влијае на демографските карактеристики на главниот град и процентуално да го зголеми бројот на албанците кои живеаат на територија на Скопје.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1