Собирајќи ги сите податоци за летови на територија на „нашиот“ континент, програмерите исцртале и анимирале рута на секој лет поединечно. Мотивот за оваа анимација, компанијата го пронашла во потребата да им укаже на луѓето на одговорноста и сериозноста на работата која се извршува.
-Воздушниот простор е невидлива инфраструктура, но е важна исто колку и онаа видливата -како патиштата и пругите, наведува НАТС на својот блог.
За пример, кога се прави пресек на еден просечен јулски ден, бројот на летови изнесува дури 30.000 од кои една четвртина поминува низ воздушниот простор на Велика Британија.