Space Weather, објави текст за експлозијата која катапултирала со брзина од 500 километри во секунда (1,1 милион милји на час). Облакот од соларна енерегија не е насочен кон нашата планета, но во еден дел сепак ќе биде почувствувана од надворешната страна на нашето магнетно поле. Националната Атмосферска и Океанска Администрација пресметала дека постои 40 проценти можност на 03.09.2012 година, да настане силна гео магнетна бура која пак би можела да создаде необична и силна поларна светлина.
На веб страната The Watchers, објавена е ерупција на изразена сончева активност која се поместува за неколку илјади километри следена во текот на неколку седмици. Поточно, Сонцето од почетокот на август создава необична атрактивна активнсот на својот југоисточен квадрант со голем број соларни огнови од Ц класа.
До сега најактивни биле две соларни точки Ar 1560 и Ar 1563, а нови се откриени на 30.08.2012 година ; 1561, 1562 и 1563, додека пак старата соларна точка 1545 моментално се наоѓа на задната страна од Сонцето и не се гледа од Земјата.
Екстремните ултра виолетови пулсови од Сонцето создаваат јонизирачки бранови на сончевите делови на планетата Земја, кои пак создаваат многу ниски радио сигнали кои може да се забележат на северните делови во Европа. На горната слика е прикажан графикон од снимката во лабараторијата на Лофоти во Норвешка. На него се забележуваат силни и нагли јоносферски пореметувања настанати од соларната активност и нејзиното влијание на планетарната магнетосфера.
Во текот на месец август, сонцето најголема активност покажало на 04 – ти и 11 – ти, а пак научниците велат дека оваа ѕвезда моментално го достигнала врвот на својата активност.
На видеото се гледа активноста на Сонцето на 31.08.2012.