Е вака е ред!!!!! – Доживотна спортска пензија за Оливера


Агенцијата за млади и спорт и додели доживотна спортска пензија на Оливера Наковска Бикова, а се очекува наскоро и Владата да и додели еднократна награда. Еднократна награда од 100 000 денари и доделија и од Винер осигурување.

Оливера на Параолимпијадата во Лондон освои злато а го собори и светскиот рекорд. Покажавте како се бранат боите на македонското знаме се вели во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.

,,Како голем спортист кој успешно настапува на сите меѓународни натпревари, поставувајќи нов светски рекорд во дисциплината стрелање со воздушен пиштол од 10 метри во Лондон, покажавте како се бранат боите на македонското знаме. Вашиот успех, несомнено ќе биде инспирација за сите млади и идни спортисти,,

Стои во соопштението од директорот на АМС Лазар Поповски со кое ја известува Бикова дека се здoбила со доживотна спортска пензија.

Управниот одбор на Винер осигурување пак донесе одлука да и додели парична награда во висина од 100.000 денари

,, Би сакале да и оддадеме голема благодарност и признание за начинот на кој изминативе денови ја промовираше Република Македонија во светот,се надеваме дека оваа награда ќе биде достојна поддршка за нејзините натамошни активности на спортски план и дека ќе придонесе за остварување на уште многу врвни резултати како овој во Лондон.,, се вели во известувањето од Винер

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1