Заштитениот сведок во процесот „Ровер“ на телевизискиот екран во судницата се појавил прекриен со шаховски полиња.
Заштитениот сведок во процесот „Ровер“ за убиството на Марјан Тушевски слушнал на телевизија. Овој сведок предизвика општа смеа во судницата, со оглед дека не знае ништо и нема никаков доказ.
„Изјавата е трагикомична, нема факт никаков, не видел ништо, целиот исказ како што кажа го разбрал од телевизијата, а Маријан Тушевски не го ни познавал“, рече адвокатот Кратовалиев, објави а1он.
video – a1On