Телевизор што ќе го управуваме со поглед, ова некогаш беше научна фантастика, денес реална ситуација на која мора да се навикнат бабите и дедовците.
Компаниите „Хајер“ и „Тоби“ веќе го покажаа својот прототип. Најважниот дел од оваа технологија е се разбира сензорот што го „лови“ погледот на гледачот препознавајќи го како наредба што телевизорот мора да ја изврши. Всушност на големо се подготвуваат нови начини на далечинско управување, Apple, Microsoft и други компании развиваат технологија на гласовно управување со телевизорите. Дали е ова за доброто на човекот, да но само во одредена мера. Се поизвесно иднината ќе не направи „светски мрзи“ се повеќе иновации укажуваат на тоа.