ВИДЕО: Објавена нова видео снимка од третиот бомбаш на аеродромот „Завентем“


Белгиската полиција денеска објави нова видео снимка од третиот осомничен напаѓач од бриселскиот аеродром „Завентем“, чија бомба не експлодирала за време на терористичкиот напад во вторникот.teroristi-brisel

Западните медиуми информираат дека на снимката е прикажан човек, кој турка количка со голема торба низ аеродромската сала, а покрај него се наоѓаат идентификуваните самоубијци Ибрахим ел Бакрауи и Наџим Лашрауи.

– Тоа е нова видео снимка, која претходно не е објавена, изјави портпарол на белгиското федерално обвинителство.

Полицијата покрај објавената снимка напиша и порака дека „сака да го идентификува тој човек“.

Медиумите наведуваат дека обвинителите и понатаму истражуваат дали мистериозниот „човек со шешир“ е независниот новинар Фејсал Шефу, кој е обвинет за терористички активности поврзани со нападот на бриселскиот аеродром. Шефу засега одбива да соработува со истражните органи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1