Видео: Паднал во несвест во среде емисија – политичарката не му помогнала


За време на една телевизиска емисија во Австралија, на еден од учесниците му се слошило и паднал во несвест. Гостин во емисијата била и политичарка, преставник во австралискиот парламент која не мрднала со мал прст.

Седела до него кога му се слошило, се тргнала настрана и зачудено го гледала.

Sophie Mirabella, која доаѓа од либералите, ја разлути јавноста со овој потег. Simon Sheikh, преставник на заедницата на граѓани удрил со главата во масата, откако му се слошило и се онесвестил. На помош притрча комплетната екипа на телевизијата, но не и политичарката.

Портпаролот на политичарката во обид да ја извади изјавил дека таа била во шок, веќе му испрати порака на господинот во која му посака брзо оздравување.

Сепак политичарката беше буквално распната по социјалните мрежи. Еден од коментарите таму вели

,, ако некогаш ми притреба прва помош сигурно нема да ја побарам Софи,,

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1