Видео: Пациентка го теши лекарот кој плачел соопштувајќи и ја лошата вест


Најтешко за секој доктор е оној момент кога ќе треба на пациентот да му ја соопшти лошата вест. Доктор Себастијан Шубла, се нашол во ваква ситуација но му паднало толку тешко што на крајот, неговата пациентка, 75 годишната Алдред, морала да го утеши, да не се грижи премногу и дека тоа и не е толку страшно.
Неколку часа пред операцијата, доктор Шубл зборувал на нејзините деца дека со нејзе ќе биде во ред и нема за што да се грижат.
Но, се испоставило дека ракот го има зафатено целиот стомак на пациентката, па на крајот морал да им ги соопшти лошите вести на најблиските.
„Ти ме сакаш, зар не? – се нашалила со него Алдред, по што докторот дал потврден одговор.
Кога му рекла: „Тоа ти е вистинска љубов?, докторот се насмеал, а потоа ја покрил главата со рацете и почнал да плаче.
Алдред која самостојно одгледала осум деца, по смртта на нејзиниот сопруг, мајчински го помилувала докторот по главата.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1