За прв пат по 15 години во Париз исушен е каналот Saint-Martin кој се наоѓа во еден од најотмените делови на градот. Она што било пронајдено на дното било за неверување.
Претходно во 2001 година исто така бил чистен каналот, а тогаш во длабините пронашле дури 40 тони ѓубре! Пронајдени биле велосипеди, мотоцикли, инвалидски колички, ве це школка, па дури и автомобил.
Она што го пронашле сега, не било ништо поразлично од ситуацијата пред 15 години,само што овој пат нашле и еден пиштол, кој веднаш бил предаден во полиција за анализа.