Ви текна 2 дена пред избори да дојдете, каде бевте до сега – млада скопјанка ги затекна Коце Трајановски и Сокол Митревски двајцата кандидати за градоначалници едниот за Скопје, сругиот за Ѓорче Петров додека имаа средби со граѓани во оваа општина.
Пред камерата на телевизијата Телма отворено негодувала на нивните предизборни ветувања.
– Сега, два дена пред изборите, се сетивте да дојдете. Осум години сте градоначалник, за претходниот период не ме интересира. Јас сум граѓанин овде, може и на кафе да дојдете – им рекла скопјанката додека двајцата актуелни градоначалници и кандидати во вториот круг ја најавивувале реконструкција на булеварот „4 јули“.
Девојката рече дека секој месец токму на тоа тесно место, пред нејзината зграда, се случуваат сообраќајќи и тоа барем еднаш месечно.
– Градоначалниците два дена пред избори доаѓаат и ветуваат дека ќе ја оправеле улицата. Ги прашав зошто токму денес доаѓаат да не посетат. Сокол ме праша од која агенција сум и што носам во чантата. Ти што направи за твојата општина денес – изјави девојката.