Жена по име Лори од Албакурки која се разбудила од кома, но со тешки последици вели ,, си се смачила сама на себе,, и одлучила да ја продаде својата душа на интернет.
Бара 2000 долари. Лори имала тешка сообраќајна несреќа и била во кома 3 недели. Но како што вели полошо и било кога се разбудила од кома отколку самата несреќа. Веднаш по будењето преживеала и мозочен удар, а како последица на несреќата има скршен кук и колапс на белите дробови.
Неможејќи да се носи со маките убедена е дека ќе си ја смени судбината ако ја продаде и замени душата. ,, јас веќе не ја сакам оваа душа, а ни таа не ме сака мене,, напишала Лори.
Аукцискиот сајт вели ова не е новина – има лица кој си продаваат и душа и тело, но за продажба и нудење на органи велат имаат посебни правила. Дозволуваат само продажба на скалп, череп, костур и тоа исклучиво за медицински истражувања.
Сајтот нема правила за продажба на душата.