Вчера утрото група родители останале шокирани кога ги носеле своите деца на училиште. Од разгласот на училиштето Љубен Лапе во општина Аеродром ечела песната од Северина „Уно Моменто“ и добро познатиот рефрен „Субота је дан за алкохол“, пишува порталот Центарњуз
Внатре пак во просториите на училиштето се одржувал новогодишен базар па од многуте деца музиката и не била така впечатлива, но надвор на звучници кои ги наместила општината вака изгледаше тоа во 7 часот наутро. Резил е ова што го прават во училиштето велат загрижените родители.