Најголемиот музички спектакл „Евровизија“ оваа година се одржува во Малме, Шведска, од денеска до 18 мај. Во овој период за најубава евровизиска песна ќе се натрпеваруваат вкупно 39 земји.
58-от по ред избор за Песна за Евровизија официјално беше отворен завчера, а првото полуфинале ќе се одржи вечерва во 21 часот. Вечерва ќе слушнеме 16 земји.
Во втората полуфинална вечер, која на програмата е во четврток, на 16 мај ќе настапат 17 земји, додека големото финале ќе биде одржано во сабота на 18 мај, кога ќе го дознаеме победникот на годинешниот Евросонг.
Директно во финале одат : Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија и минатогодишниот победник Шведска, која ќе настапи последна во финалната вечер.
Во продолжение слушнете ги претставниците на 16-те земји кои ќе настапат во првата полуфинална вечер.