Салах Абдеслам, осомничен за вмешаност во нападите во Париз на 13 ноември, е уапсен за време на анти-терористичка акција во Брисел, потврдиле официјални претставници на полицијата.
Претходно беше објавено дека еден човек бил ранет за време на рацијата, но некои медиуми објавија дека има и мртви.
Како што е наведено, Абдеслам во текот на нападот бил ранет во ногата.
Рацијата се случувала во арапската област на Моленбик во Брисел, каде што живеел Салах пред терористичкиот напад во Париз.
Полицијата соопшти дека најмалку еден од осомничените се крие на локација каде се одвива рацијата.