Граѓанин на околу 30 години, незадоволен што мајка му починала на Абдоменална хириргија, пукал утрово во дежурниот лекар Љубомир Огненовиќ (41). Лекарот има две прострелни рани во едната нога, но е опериран и е надвор од животна опасност.
Жената била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок соба.
Неофицијално, синот утрово дошол во клиниката, влегол во канцеларијата на дежурниот лекар и во него испукал 4-5 куршуми, пукал и во сестрата, но неа ја промашил. На излегување избуткал друг лекар кој во тој момент се нашол пред канцеларијата на дежурниот лекар и му се обратил со зборовите: „Бегај да не пукам и во тебе!”.
Телевизијата ТВ21 објави видео од Клиниката снимено по пукањето во кое ранет беше еден лекар.