Ова се совети кои секогаш може да ни се најдат. На првото видео има совети како лесно да одвртите штраф со помош на ластиче. Потоа како со маслиново масло да отстраните боја од вашето тело.
Тушот кој од бигор се запушил и тече само од 5 дупчиња може да го отпушите ако во ќеса ставите оцет и ја врзете околу тушот на 15 минути. А знаете ли дека прозорите може да ги измиете со Кока Кола.
Второто видео дава навистина добри совети – што ако имате батерии кои се помали од оние кои вам ви требаат. Се што треба е да го наполните празниот простор со алуминиумска фолија.
Ако ви се умирисале патиките – совет е да ги ставите во ќесе и во фрижидер – преку ноќ ќе ги убие бактериите кои произведуваат непријатен мирис. А за да полесно отворите тегла се што треба да направите е да чукнете на капакот во средина или да дупнете мала дупка.