Видео: Сведок го опишува вадењето на органи на Косово – ме молеше да не го сечам, плачеше – срцето чукаше кога му го извадив


Припадник на УЧК-  кога му го извадив срцето на србинот тоа уште чукаше- човекот ме молеше да не го сечам и плачеше на цел глас

Радио телевизија Србија емитуваше снимка од заштитен сведок кој пред обвинителството во Србија го објаснува вадењето на органи на Косово и Метохија и до најмал детал го опишува целиот процес.

” Ми дадоа скалпер и почна маката. Кога зборувам за мака,мислам како на грд сон, бескрајна ноќна мора. Се сеќавам како да беше вчера. И во телото и во мислите ми се јавува тоа лошо чувство.Ми кажуваа што да му правам на телото. Да направам една голема длабока линија од почеток на грлото па се до ребрата.

Бидејќо го исеков, човекот почна да вика од болка и ме молеше да не го сечам. Викаше на цел глас “немјoте да ме убивате ве молам”, но тука беше и главниот па морав да почнам да сечам исто како што ме учеа на обуките. Во еден момент ја изгуби свеста  или пак умре, раскажува еден од учесниците во акцијата на вадење органи на Косово пред јавното обвинителство.

Кога почнав да сечам сватив дека не станува збор за Албанец туку за некој што не е од мојата вера. Докторот застана до мене и со раката ми покажуваше каде да сечам, а додека траеше целиот процес ми зборуваше како треба многу да внимавам за да не го оштетам органот, а тој орган беше срцето. Како што ми кажуваа така и правев.

Потоа се појави и уште еден доктор кој ми кажа да побрзам бидејќи немаме многу време и ми подаде кутија. Тогаш за прв пат видов човечки орган. Не знам како го направив тоа. Го ставив срцето во кутијата”, сведокот ја раскажа грозната приказна пред обвинителството.

Обвинителот за војни злосторства Владимир Вукчевиќ изјавил дека главниот истражувачки тим на ЕУ кој се занимава со истрага во врска со трговијата на органи, Џон Клинт Вилијамс  е целосно запознаен со целата ситуација.
” Тој пред два месеца беше кај мене, а јас сето ова му го презентирав, имаме и добра соработка, но од тогаш немавме комуникација”, изјавил Вукчевиќ.

Вукчевиќ е уверен дека објавувањето на исказите од сведокот нема да ја загрози истрагата.

 

“Го испрашувавме со помош на полиграф, се консулиравме со медицински стручни лица, кој ја анализираа целата ситуација, додал Вукчевиќ
Српскиот обвинител за воени злосторства наведува дека заштитниот сведок нема причина да измислува, додавајќи дека неговата едниствена желба била само да биде заштитен.

” Тој е веќе во опасност, се обидоа да го убијат, но тој одлучи како заштитен сведок да излезе во јавноста. Мислам дека на тој начин многу подобро се штити самиот, бидејќи и некој други така излегуваа во јавноста и така си го спасија животот”, оценува Вучковиќ

Во врска со овој голем злочин во национланата телевизија на Србија, РТС била повикана и Карла дел Понте, но таа не сакала да дојде да  дискутира на оваа тема. Сепак смета дека случајот е неопходно брзо да се реши или пак да се затвори поради недостаток на докази.

Откако веста била објавена и во Косово, отаму изреагирале дека целиот овој случај со заштитниот сведок бил намерно објавен за да прославата на независноста на Косово завземе друг правец.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1